САД ја осудија забраната на Светскиот сервис на Би-Би-Си во Кина

Стејт Департмент САД/ Фото Архива на Слободен Печат

САД ја осудија забраната за емитување на програма на британската телевизија Би-Би-Си Ворлд њуз (BBC World News) во Кина и го повикаа Пекинг да ја поддржи „слобода на медиумите”.

„Апсолутно ја осудуваме одлуката на Народна Република Кина. Ја повикуваме Кина и другите земји кои спроведуваат авторитативна контрола над своето население да дозволат непречен пристап до интернет и слобода на медиумите“, изјави портпаролот на американскиот Стејт депаретмент Нед Прајс.

Кинеската национална администрација за радио и телевизија (НРТА) вчера забрани емитување на светскиот сервис на Би-Би-Си со образложени дека телевизијата „сериозно” ги прекршила прописите во земјата.

Во соопшттението на НРТА се истакнува дека светскиот сервис на Би-Би-Си го прекршила принципот за веродостојни и точни информации и оти и наштетува на националните интереси на Кина.

Претходно и Лондон одлуката на кинеските власти ја оцени како напад врз слободата на медиумите.

„Кина е помеѓу земјите со најстроги рестрикции во светот за слобода на медиумите и интернетот и оваа најнова мерка само ќе наштети на репутацијата на Кина во очите на светот“, напиша Раб вчера на Твитер.

Портпаролката на Би-Би-Си изјави дека се разочарани од одлуката на кинеските власти.

„Би-Би-Си е меѓународен информативен канал, најсигурен во светот. Покриваме теми од цел свет на фер и непристрасен начин и без страв или фаворизирање“, истакна Портпаролката на Би-Би-Си.

Забраната за Би-Би-Си најверојатно е реципрочна мерка по укинувањето на дозволата за емитување на кинеската сателитскла телевизија на англиски јазик ЦГТН во Велика Британија. Британскиот регулатор ја укина дозволата за кинеската телевизија на 4 февруари со образложение дека телевизијата е поврзана со владејачката Комунистичка партија на Кина.

Тогаш Пекинг наведе дека дозволата е одземена од политички причини и оти Кина има право да одговори за да ги заштити правата и интересите на кинеските медиуми. ми/

2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот