САД ја одобрија вакцината на Џонсон и Џонсон која се дава во една доза: Што се предностите и како таа функционира?

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) во саботата ја одобри вакцината против коронавирус на компанијата Џонсон и Џонсон, пишува Си-Ен-Ен.

Тоа е првата вакцина против ковид-19 која се дава во една доза и која е достапна во САД.

Со повеќе од 28,4 милиони потврдени случаи на ковид-19 во САД и речиси 511.000 пријавени смртни случаи од почетокот на пандемијата, овие вакцини се многу потребни и тоа во што пократок рок.

Вакцината на компанијата Џонсон и Џонсон е безбедна и ефикасна. Се дава во една доза и не бара посебно складирање, како што е случајот со Фајзер. Вакцината е дозволена за лица постари од 18 години.

Анализите покажаа дека вакцината „Џонсон и Џонсон” е 66 проценти ефикасна во спречување на средна до тешка форма на ковид-19 и сто проценти ефикасна против најтешките форми на болеста за кои е потребна хоспитализација и може да доведе до смртен исход.

Американскиот претседател Џо Бајден изрази задоволство и го поздрави одобрението издадено од ФДА за вакцината на Џонсон и Џонсон против ковид-19.

– Гледаме светло на крајот од тунелот, но не смееме да го спуштаме гардот или да претпоставиме дека победата над вирусот е сигурна, порача Бајден.

„Гледаме светло на крајот од тунелот“: Бајден го поздрави одобрението за вакцината на Џонсон и Џонсон

Што се предностите и како таа функционира?

Фактот дека вакцината се дава само во една доза, секако го олеснува и забрзува процесот на вакцинација.

„СЗО смета дека вакцината која се дава во една доза е најдобро решение во условите на пандемија“, тврдеше кон крајот на јануари докторот Пол Стофелс, шеф на научниот тим на белгиска фармацевтска компанија.

Тој тогаш рекол дека и дека оваа вакцина „би можела да заштити стотици милиони луѓе од најтешките последици на ковид-19“.

Оваа вакцина користи вирус на обична настинка кој е модифициран да биде безопасен. Тој во себе безбедно носи дел од генетскиот код на вирусот и се внесува во организмот. Тоа е доволно за телото да ја препознае заканата и потоа да научи како да се бори против ковид-19.

Вакцината го тренира организмот да знае како да се однесува кога ќе се сретне со вистинскиот вирус. На сличен начин функционира и вакцината која ја разви компанијата АстраЗенека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот