САД ја одобрија првата вакцина за пчели

Unsplash
Unsplash

Пчеларите во Соединетите Американски Држави наскоро ќе можат да добијат вакцина која би можела да ги заштити пчелите од најразорната болест која денес им се заканува на медоносните инсекти. Лекот е развиен од биотехнолошката компанија „Далан Анимал Хелт“, а неговата цел е заштита од американско гниење на отпадоци (АФБ), болест предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae.

Вакцината се дава орално, односно се внесува во храната за пчелите работнички. Бактеријата ги напаѓа ларвите на медоносната пчела. Откако ќе ги зарази, тешко е да се искорени.

Бактеријата може да ја совлада целата кошница за само три недели, а пчеларите често немаат доволно време за навремена реакција, пишува „Сајенс Алерт“.

Во 2022 година, компанијата „Далан“ спонзорираше контролирано тестирање за безбедноста и ефикасноста на вакцината АФБ и доби одлични резултати. Лекот не само што ги заштитил пчелите, туку и дал имунитет на следната генерација.

Американското Министерство за земјоделство ќе даде двегодишна условна лиценца за вакцината на Далан, но голема е веројатноста дека дозволата за употреба ќе биде продолжена. Компанијата ќе дистрибуира ограничена количина од вакцината до пчеларите во САД во следните две години. После тоа, ако се оди добро, пчеларите треба да имаат директен пристап до лекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот