САД изразија сочувство до семејствата на загинатите во падот на украинскиот авион

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Украинскиот патнички Боинг 737 изутринава веднаш по полетувањето се урна во близина на аеродромот во Техеран при што загинаа сите 176 луѓе.

САД изразуваат длабоко сочувство до семејствата и пријателите на 176-те загинати, патници и членови на екипажот на патничкиот авион на „Meѓународни авиолинии на Украина” лет 752, се вели во денешното соопштение на американскиот Стејт департмент.

Украинскиот патнички Боинг 737 изутринава веднаш по полетувањето се урна во близина на аеродромот во Техеран при што загинаа сите 176 луѓе.

– САД ќе продолжат со блиско следење на инцидентот и се подготвени да понудат на Украина секаква можна помош, се вели во соопштението.

Вашингтон исто така повикува на целосна соработка со истражните органи за да се дознае причината за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот