САД: Израел не прави доволно за да одговори на нашите прашања за нападот на Беит Лахија
Американски официјални лица изјавија дека Израел не прави доволно за да одговори на прашањата еден ден по нападот во Газа во кој загинаа голем број деца, пишува Гардијан.
„Тие не прават доволно за да ни ги дадат одговорите што ги побаравме“, изјави за новинарите портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, пишува АФП.
Во вчерашниот напад во северниот кварт на Газа, Беит Лахија, според цивилната одбрана на територијата, загинале најмалку 93 лица, меѓу кои и голем број деца.
Вчера Милер го опиша нападот како „ужасен“ и рече дека САД бараат одговори од Израел, кој се потпира на американската дипломатска и воена поддршка.
Запрашан дали САД во меѓувреме добиле повеќе информации, Милер рече:
„Денеска им го повторивме тоа барање. Сè уште немаме објаснување. Ни го кажаа што ова што го кажаа јавно, а тоа е дека го истражуваат овој случај“, рече тој.
Во меѓувреме, Вашингтон пост претходно денеска објави дека американската влада добила околу 500 извештаи дека американското оружје убива Палестинци.
Извештаите доаѓаат од цела влада, глобални хуманитарни организации, невладини групи, медиумски извештаи и други сведоци, но досега не е постапено по ниту еден случај.