САД ИСПРАЌА МОРНАРНИЦА, ТРАМП БЕСЕН: Иран направи голема грешка!

Фото: EPA

Наместо смирување, тензиите меѓу Иран и САД, непрекинато растат, а претседателот Доналд Трамп се чини дека нема намера да попушти.

Претседателот на САД, Доналд Трамп  на Твитер напиша дека Иран „направил голема грешка“ со соборувањето на американското беспилотно летало со ракета земја-воздух.

Американската армија соопшти дека соборувањето на едно од нивните беспилотни летала од страна на Иран денеска бил „неиспровоциран напад врз американско средство за набљудување во меѓународниот воздушен простор“.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека го собориле американското шпионско летало кое ја исклучило опремата за следење додека прелетувало над иранскиот воздушен простор во јужната провинција Хормозган.

Во врска со овој настан се јави и Владимир Путин, а рускиот претседател препорача дека е потребно да се избегне интервенција на САД, бидејќи тоа може да доведе до катастрофа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот