САД ИСПРАЌА МОРНАРНИЦА, ТРАМП БЕСЕН: Иран направи голема грешка!
Наместо смирување, тензиите меѓу Иран и САД, непрекинато растат, а претседателот Доналд Трамп се чини дека нема намера да попушти.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер напиша дека Иран „направил голема грешка“ со соборувањето на американското беспилотно летало со ракета земја-воздух.
Американската армија соопшти дека соборувањето на едно од нивните беспилотни летала од страна на Иран денеска бил „неиспровоциран напад врз американско средство за набљудување во меѓународниот воздушен простор“.
Iran made a very big mistake!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 20, 2019
Иранската револуционерна гарда соопшти дека го собориле американското шпионско летало кое ја исклучило опремата за следење додека прелетувало над иранскиот воздушен простор во јужната провинција Хормозган.
Во врска со овој настан се јави и Владимир Путин, а рускиот претседател препорача дека е потребно да се избегне интервенција на САД, бидејќи тоа може да доведе до катастрофа.