САД-Иран: Тензиите растат, се појавија дезинформации и хаштаг Трета светска војна

Во текот на неделата, еден од најпопуларните хаштагови на Твитер беше #WWIII (Трета светска војна). За помалку од еден ден, корисниците на социјалните мрежи објавија повеќе од три милиони објавувања со таков хаштаг.

Убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани покрена многу спекулации за тоа што може да се случи откако тој беше убиен од американски беспилотни летала во Ирак. Тоа доведе до нова ескалација на тензиите меѓу Иран и САД.

Со сето ова, потрагата по фрази како Франц Фердинанд и Трета светска војна стана тренд, објави Би-Би-Си, истакнувајќи дека има паралели помеѓу елиминацијата на Сулејмани и атентатот врз Франц Фердинанд во Сараево, што предизвика Прва светска војна војна.

Во текот на неделата, еден од најпопуларните хаштагови на Твитер беше #WWIII (Трета светска војна). За помалку од еден ден, корисниците на социјалните мрежи објавија повеќе од три милиони објавувања со таков хаштаг.

Веб-страницата на Selective Service System – Службата за регрутирање во армијата на САД се „урна”, а причината за тоа беше огромниот сообраќај кон сајтот. Со зголемувањето на гласините за третата светска војна, се повеќе Американци ја отвораат страницата за да видат какви се условите за мобилизација.

Од сајтот на Твитер објавија дека „Огромниот сообраќај се должи на широко распространетата дезинформација”.

Во случај на воена состојба во САД дел Американци подлежат на мобилизација. Списоците на граѓани што можат да бидат повикани се објавени на веб-страницата на тој сајт.

-САД имаат уште 3.500 војници на Блискиот исток како демонстрација на моќ, изјави портпаролот на Пентагон.

(графички приказ – Дејли меил)

Засилувањата се од Глобал-силите за брза реакција на 82-та воздушна дивизија, кои веќе распоредија неколку стотици дополнителни воени единици во регионот претходно оваа недела по ескалацијата на тензиите по нападите врз американската Амбасада во Багдад.

„Војниците ќе бидат распоредени во Кувајт како превентивна мерка за одговор на зголемено ниво на закана против персоналот и објектите на САД”, рече официјалниот претставник. Овој потег е преземен по ескалацијата на тензиите предизвикани од убиството на Сулејмани.

– Убиството на најистакнатиот ирански командант од страна на САД е исто како да започнете војна и одговорот на воени акции е воена акција, рече постојаниот претставник на Иран во ОН.

Маџид Тахт Раванч во интервју за Си-Ен-Ен рече дека со „убивањето” на Сулејмани, САД почнале нова фаза откако претходно започнале „економска војна” со воведување санкции за Иран во 2018 година.

Тој нагласи дека ќе има сериозна одмазда.

Раванчи го информира Советот за безбедност на ОН и генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш, дека Иран го задржува правото на самоодбрана според меѓународното право.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Роберт О’Брајан рече дека секоја акција на Иран како одговор на атентатот врз иранскиот воен командант Касем Сулејмани би била „многу лоша одлука”.

На брифингот за операцијата О’Брајан рече дека  Сулејмани бил нападнат додека патувал на Блискиот исток, планирајќи напади врз американските воени и дипломати во регионот.

– Иран ќе одговори на операцијата во САД, изјави вчера поранешниот директор на ЦИА, Мајкл Морел.

– Прво, како резултат на инцидентот, ќе има мртви Американци, мртви мирни Американци. Можно е во следните неколку дена секое место каде Иран има свои луѓе. Најверојатно место е Ирак. Сепак, Либан, Бахреин и други места не се исклучени на Блискиот исток, рече поранешниот шеф ЦИА.

Покрај тоа, тој верува, дека „избирајќи по свое време и место”, Иран „ќе изврши терористички напад што ќе резултира со смрт на висок американски функционер”.

– И тоа може да се случи секаде во светот, рече Морел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот