САД имаат најмногу медали во Токио, Кина 32 пати „златна“

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Заврши и 12 ден на Летните олимписки игри во Токио, и натаму на првото место по бројот на освоени златни медали е Кина, вкупно 32.

Кинезите имаат вкупно 70 медали, од кои 32 златни, 22 сребрени и 16 бронзени.

На втората позиција се спортистите на САД кои имаат најмногу освоени медали досега во Токио, вкупно 79, но со седум златни медали помалку од Кина.

Третопласирани се Јапонците со 21 златен медал, по 15 имаат Велика Британија и Австралија, додека Рускиот олимписки комитет 14.

Од екс ју републиките најдобро котира Хрватска на 20 место со три златни медали, три сребрени и два бронзени.

Словенците се на 27 место со два златни медали, по еден сребрен и бронзен, додека Србија е на 42 место со еден златен, еден сребрен, а денеска додаде уште еден бронзен, вкупно четврти. Новата бронза за Србите ја донесе борачот Зураб Датунашвили со грузиско потекло.

Комплетната листа можете да ја погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот