САД имаат двојно повеќе смртни случаи при апсења и во притвор од другите земји

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Соединетите Американски Држави имаат двојно повеќе смртни случаи за време апсења и во притвор отколку во Австралија и шест пати повеќе од Велика Британија.

На протестите што последните две недели се одржуваат во САД поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд се укажува на проблемот со полициското насилство врз граѓаните.

Лос Анџелес, САД / 06 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Флојд е само еден од многуте Американци кои страдаат секоја година поради лошите одлуки на американската полиција, а статистиката покажува дека полицијата во САД пука, апси и затвора повеќе луѓе отколку во другите развиени земји”, пренесува Си-Ен-Ен.

Во рамки на групата најнапредни економии во светот, Г-7, САД се издвојуваат во однос на смртниот исход при контакти со полицајците, додека црнците се најпогодени од овој вид насилство.

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Според податоците на американскиот Завод за статистика, од јуни 2015 до март 2016 година биле регистрирани 1.348 вакви потенцијални смртни случаи, што би значело во просек 135 смртни случаи месечно или нешто повеќе од четири дневно.

За граѓаните на САД поголема е веројатноста дека ќе бидат уапсени или приведени од нивните врсници ширум светот.

Сент Пол, Минесота, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Во Соединетите Американски Држави во 2018 година се уапсени 10.310.960 лица или секој 32-ри граѓанин, а афроамериканците сочинуваат третина од американската затворска популација и покрај тоа што се само една осмина од вкупното население во земјата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот