САД им наметнаа нови санкции на Куба поради поддршката на Хавана за Мадуро

САД воведоа нови санкции кон Куба поради кршење на човековите права и поради поддршката на Хавана за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Американското Министерство за трговија наведе дека ги поништува постоечките дозволи за изнајмување на авиони за кубанските државни авиопревозници и оти нема да издава нов. Со санкциите ќе бидат опфатени и повеќе странски артикли кои содржат американски делови.

– Овој акт на Министерството за трговија испраќа нова јасна порака до кубанскиот режим – мора веднаш да престане со своето уривачко однесување дома и во странство, истакна министерот за трговија Вилбур Рос.

Претседателот на Куба, Мигел Дијас Канел ја осуди американската одлука и на Твитер ја нарече „нехумана, сурова, нефер и геноцидна”.

Односите помеѓу САД и Куба се влошија по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Неговата администрација го ограничи патувањето на Куба и воведе нови економски санкции кон Хавана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот