САД и СЗО договорија дополнителни студии за потеклото на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на вчерашната средба со директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус во Кувајт договорија изработка на дополнителни студии за откривање на потеклото на пандемијата.

– На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и да биде водена од експерти врз кои не може да се влијае, се посочува во соопштението на Стејт департментот.

СЗО претходно повика на заедничка истрага за да се открие потеклото на коронавирусот, но Кина ги отфрли плановите за дополнителни инспекции на лаборатории и пазари на нејзина територија.

Првите случаи на инфекција со вирусот ковид-19 кај луѓето беа пријавени во градот Вухан во декември 2019 година, а Кина ги отфрли теориите дека вирусот „протекол“ од една од нејзините лаборатории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот