САД и Саудиска Арабија бараат продолжување на ембаргото за увоз на оружје на Иран

Саудиските и американските власти повикаа на ново продолжување на ембаргото за увоз на оружје за Иран, предупредувајќи дека укинувањето ќе има полош ефект врз регионалната безбедност, особено врз Јемен, каде Иран ги вооружува бунтовниците од племето Хути.

-Укинувањето на ембаргото ќе го охрабри Техеран и можеби ќе ја охрабри трката во вооружување на Блискиот Исток, изјави американскиот пратеник за Иран, Брајан Хук, на заедничката прес-конференција во Ријад со саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубеир.

„Советот за безбедност на Обединетите нации не може да го прифати тоа”, додаде Хук.

Саудиските власти на средбата со новинарите ги покажа остатоците од ракети  и беспилотни летала што Иран, наводно, им ги доставувал на јеменските бунтовници и со коитие ги напаѓале саудиските градови.

Иран се наоѓа под ембарго за увоз на оружје до октомври годинава, во согласност со Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН, која го реафирмира меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, потпишан во 2015 година.

САД во 2018 година еднострано се повлекоа од тој договор и вднаш воведоа строги санкции за Техеран, потсетуваат британските медиуми.

Вашингтон уште од почетокот на оваа година ги повикува членките на Советот за безбедност на ОН да поддржат продолжување на ембаргото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот