САД и Русија со различни историски верзии за Втората светска војна

Во војната загинаа над 60 милиони луѓе, меѓу кои во германските концентрациски логори масовно и систематски беа убиени шест милиони Евреи, трагичен настан познат како Холокауст.

Во САД денеска се одбележува 75-годишнината од Денот на победата во Европа (Victory in Europe Day), сеопфатен сојузнички армиски пробив со кој по цена на десетици илјади загубени животи на американски војници, се стави крај на Втората светска војна на Стариот континент.

Поради коронавирусот, за жал, Денот на победата нема да се одбележува со физички настани, и не е во фокусот на вниманието на јавноста.

По повод овој настан во САД се предвидени повеќе медиумски настани: ТВ каналот „History” вечерва ќе емитува долга емисија за крајот на војната. Пентагон пак, на својот веб-сајт објави (https://www.defense.gov/Experience/VE-Day/) мултимедијална презентација со квиз за Втората светска војна. Во Вашингтон се оддржуваат и неколку онлајн видео конференции на оваа тема.

Главните победници во војната, САД и Русија, историските собитија што воделе кон крај на војната ги толкуваат различно. Најверојатно тоа е одраз на актуелната конфронтација меѓу двете најголеми нуклеарни сили.

Во војната загинаа над 60 милиони луѓе, меѓу кои во германските концентрациски логори масовно и систематски беа убиени шест милиони Евреи, трагичен настан познат како Холокауст.

Во Русија, Втората светска војна е позната ушта како и Татковинска војна, победата во неа се слави на 9 мај и е еден од најважните датуми, меѓници во историјата на земјата. Според руските закони, казниво е секое јавно истакнување на нацистички симболи или ликот на Хитлер, и се осудува секое погрешно интерпретирање на настаните.

Така на пример, официјалната руска историографија не ги прифати толкувањата од мултимедијалната презентација на Министерството за одбрана на САД. На руските историчари најверојатно им смета формулацијата во која се вели дека „конфликтот започна во 1939 година кога Германија и Советскиот Сојуз ја окупираа Полска”.

-Во објавената презентација, СССР повторно се споменува во улога на иницијатор на војната, покрај неговата улога во победата над Германија. Демек не толку силна, и дека основните напори за борбата со нацизмот ги направиле Америка и Франција, истакна историчарот Александар Добровољски во статија објавена синоќа за весникот Московскиј комсомолец.

Според него, воените историчари на Запад се обидуваат да ја „препишат и зачистат историјата на таа војна не само со поттурнување на Советскиот Сојуз подалеку во задните редови на земјите-победнички, туку и ставајќи ја рамо до рамо со Германија, една од земјите што ја разгорија Втората светска војна”.

За време на шестгодишншната војна, Советскиот Сојуз беше најмногу на удар и даде најголем број од жртвите во овој глобален конфликт – 25 милиони.

Во меѓувреме, некои западни земји како Велика Британија и Изреал, не се толку критични спрема улогата на Советскиот Сојуз во војната.

Така на пример, британскиот премиер Борис Џонсон, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази признание за „одлучувачката улога на Советскиот Сојуз и неговите вооружени сили за постигнување победа над општиот непријател”, јавија светските медиуми.

А во сличен разговор со Путин и премиерот на Израел, Бенјамина Нетанјаху, ја истакна улогата на Црвената армија во ослободувањето на Европа и уништувањето на нацизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот