САД и Летонија први олимписки шампиони во баскет, фаворитот Србија ја освои само бронзата

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Баскетчиите на Летонија се олимписки шампиони откако во финалето на Игрите во Токио во финалето беа подобри од Русија, односно од Рускиот олимписки комитет со 21:18.
Златниот медал на Летонија и го донесоа Наурис Миезис, Карлис Ласманис, Едгарс Круминс и Агнис Каварс кои играат заедно во тимот на Рига, се првите олимписки шампиони во новиот спорт кој дебитира на Игрите во Токио.

Ова воедно е четврти златен медал во историјата на Игрите за Летонија, а интересно е што сите ги освоија во 21 век, досега освојуваа по еден златен медал во Сиднеј 2000 година, Пекинг 2008 и Лондон 2012 година.
Најдобар во тимот на Летонија беше Ласманис кој постигна дури 10 поени, притоа во финишот постигна „двојка“ за конечен триумф од 21:18.
Брозениот медал му припадна на главниот фаворит на турнирот во баскет, селекцијата на Србија која со 21:10 ја победи Белгија.

Во женска конкуренција, први олимписки шампионки во баскет се Американките кои во финалето со 18:15 го совладаа Рускиот олимписки комитет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот