САД и Јужна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров

Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја се посветени на дипломатските методи за постигнување денуклеаризација на Корејскиот полуостров, како и за нормализирање на односите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, јави ТАСС, повикувајќи се на изјава на заменик државниот секретар на САД, Стивен Биган.

– САД и Република Кореја остануваат целосно посветени на дипломатијата како начин да се постигне траен мир на Корејскиот полуостров, да се постигне денуклеаризација, да се обезбеди светла иднина за целиот корејски народ и да се нормализираат односите меѓу САД и НДРК, рече Биган на прес-конференција, што се одржа по неговата средба со специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Република Кореја за мир и безбедност на Корејскиот полуостров, Ли До Хун.

Во исто време, американскиот дипломат истакна дека напорите на САД и Јужна Кореја се недоволни за нормализирање на состојбата на полуостровот.

– Потребно ни е учество на НДРК и сè уште сме отворени да разговараме со нив кога ќе бидат подготвени, додаде Биган.

Од своја страна, Ли До Хун ги опиша разговорите во Вашингтон како „многу продуктивни”.

– Разговаравме за различни начини да ги решиме нашите заеднички задачи за денуклеаризација на полуостровот и воспоставување мирен режим, рече тој.

Корејската војна, во која учествуваа двете корејски држави, САД и Кина, траеше од јуни 1950 до јули 1953 година. Вкупниот број смртни случаи и ранеи (и воени и цивилни) се приближи на 5,5 милиони и според тоа воениот конфликт останува најголем во однос на жртвите од Втората светска војна. Формално, НДРК и Република Кореја сè уште војуваат, бидејќи не е потпишан мировен договор меѓу нив. Се прават обиди за склучување од Женевската конференција во 1954 година. 

Прочитајте и...  Помпео: Уште шест кинески медиуми се означени како странски мисии

Поврзани вести

Бугарскиот министер за здравство: Лекарите се уморни, истоштени, а дел од нив и заразени

Слободен печат

Заев нема да поднесе оставка ако Бугарија стави вето

Слободен печат

Од сабота – две третини од Французите во карантин

Слободен печат

Таравари: Во Гостивар ќе имаме пет мерни станици за квалитетот на воздухот

Слободен печат

Се подготвуваат пакети за поддршка на музичарите

Слободен печат

Филипче: Секаде во светот бројот на новозаразни и хоспитализирани се зголемува

Слободен печат

Остави Коментар