САД и Јужна Кореја со заедничи поморски маневри

Носач на авиони/ Фото YONHAP / AFP / Profimedia

Јужна Кореја и САД денеска почнаа заеднички поморски вежби, со учество на американски носач на авиони, соопшти јужнокорејската армија. Поморските маневри ќе се одржат во водите во близина на источниот брег на Јужна Кореја денеска и утре, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Вежбите се одржуваат откако Северна Кореја изврши серија проби на балистички ракети, од кои неколку вчера, а подоцна во текот на денот имаше и летови на борбени авиони на севернокорејската авијација во близина на границата со Јужна Кореја.

„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите оперативни способности и подготвеноста да одговориме на какви било севернокорејски провокации преку заеднички вежби со ударната група носач на авиони “Ју-Ес-Ес Роналд Реган'”, соопшти началникот на Здружениот штаб на Јужна Кореја.

Високопоставени одбранбени претставници на Јапонија, Јужна Кореја и на Соединетите Држави разговараа за најновите случувања, осудувајќи ги ракетните проби на Северна Кореја и се согласија дека неодамнешните трилатерални поморски вежби ја подобриле нивната способност да одговорат на Северна Кореја, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот