САД и Јужна Кореја ги одложија заедничките воздушни вежби

Јужна Кореја и САД се согласија да ги одложат заедничките воздушни вежби заради поддршка на дипломатијата со Северна Кореја, а американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја повика Северна Кореја на таа одлука да возврати со добра волја и да се врати на разговорите за денуклеаризација.

– По консултација и внимателно разгледување, министерот Јеонг (Kеонг До, министер за одбрана на Јужна Кореја) и јас решивме да ги одложиме комбинираните воздушни вежби закажани за овој месец, рече Еспер на заедничката прес-конференција во Бангкок.

Вежбите требаше да се одржат кон крајот на ноември, при што Северна Кореја се спротивстави и предупредуваше на „шокантна казна“ што САД нема да можат да ја издржат доколку се одржат вежбите.

Еспер додаде дека одлуката за одложување на вежбите е знак на добра волја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот