САД и Израел со заеднички став за истрагата на Меѓународниот кривичен суд

Американската потпретседателка Камала Харис во вчерашниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потенцира посветеноста на САД на безбедноста на Израел во момент кога земјата се соочува со официјална истрага на Меѓународниот кривичен суд.

Во соопштението од Белата куќа се истакнува дека Харис и Нетанјаху го потврдиле дека се против обидите на Меѓународниот кривичен суд да ја спроведе својата надлежност над израелските државјани.

Обвинителката Фату Бенсуде на 3 март соопшти дека покренала истрага за наводните злосторства извршени на палестинските територии. Таа истакна дека истрагата ќе се води „независно, непристрасно и објективно”.

Бенсуде уште во 2019 година изјави дека постои „разумна основа” за да се покрене истрага за воените злосторства извршени за време на израелските воени акции во Појасот Газа и при ширењето на еврејските населби на окупираниот Западен Брег.

Судот ќе се фокусира на клучната политика на Израел во изминатите години, воените операции против палестинските екстремисти во Појасот Газа, особено за време на војната во 2014 година и изградбата на еврејски населби на Западниот Брег и анектираниот Источен Ерусалим.

Нетанјаху одуката на Бенсуде за покренување на истрага ја оцени како „лицимерие и антисемитизам”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот