САД и Израел ги разгледуваат сите опции доколку Иран го одбие договорот

Средба на Лапид и Блинкен во Вашингтон/ Фото EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

САД и Израел денеска објавија дека го разгледуваат „Планот Б“ за Иран доколку таа земја не се врати на преговорите насочени кон спасување на нуклеарниот договор од 2015-та година. 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид рекоа дека започнале дискусии за „други опции доколку Иран ја одбие понудата за почитување на договорот под услов САД повторно да се приклучат на него“, пренесува Ројтерс.  

Не е кажано какви би можеле да бидат тие опции, но постојат голем број недипломатски акции што може да се земат предвид, почнувајќи од построги санкции до тајни воени операции. САД ретко потврдуваат дека размислуваат што ќе направат во случај на неуспех во дипломатијата во однос на Иран.  

Израел се спротивстави на договорот на големите сили со Техеран, од кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече во 2018-та година.  

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху остро го критикуваше договорот дури и за време на преговорите со администрацијата на претходникот на Трамп, Барак Обама. 

Поранешните претседатели на Израел и САД, Нетанјаху (лево) и Трамп (десно) / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Блинкен и Лапид разговарале на заедничката прес-конференција во Вашингтон со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, на која сите тројца се согласија да ги прошират таканаречените „Абрахимски“ договори за нормализирање на односите меѓу Израел и Емиратите и уште три арапски земји.  

Тие се сретнале откако Иран ја покажа својата подготвеност да се врати на индиректните преговори со САД во Виена, но не прецизираа кога тоа може да се случи. Иран, исто така, ги продолжи своите нуклеарни активности без да ги земе предвид ограничувањата предвидени со договорот. Блинкен повтори дека времето за враќање на договорот истекува, но тој одби да каже кога конкретно. 

„Подготвени сме да се свртиме кон други опции доколку Иран не го смени курсот, а консултациите со нашите сојузници и партнери се дел од тоа“, рече Блинкен, најавувајќи дека секоја опција ќе биде разгледана. 

Тој рече дека се уште верува дека „дипломатијата е најнеефикасен начин“, но дека за тоа се потребни две страни, и засега не е јасно дали Иран е подготвен да го стори тоа. 

Лапид беше поотворен и предупреди дека Израел ќе користи воена сила доколку е потребно за да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје.  

„Има моменти кога земјите мора да користат сила за да го заштитат светот од злото. Ако терористичкиот режим се здобие со нуклеарно оружје, ние мора да дејствуваме. Мораме јасно да кажеме дека цивилизираниот свет нема да го дозволи тоа. Ако Иранците не веруваат дека светот е сериозен во нивното спречување, ќе брзаат да смислат бомба. Израел го задржува правото да дејствува во секое време на кој било начин. Тоа не е само наше право, тоа е и наша одговорност “, рече израелскиот министер за надворешни работи. 

Јаир Лапид се обраќа од Вашингтон по средбата со Блинкен/ Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Берлин, Париз и Лондон го осудија забрзаното збогатување на ураниум во Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот