САД и источно-европските земји: Манипулацијата со исторските настани околу Втората светска војна е фалсификување на историјата

Фото: Архива

Манипулација со историските настани кои водеа кон Втората светска војна и поделбите во Европа веднаш по војната, за жал се напори кон фалсификување на историјата.

Американскиот државен секретар и министрите за надворешни работи на Бугарија, Чешката Република, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Словачка настапија со заедничка изјава по повод 75 – годишнината од крајот на Втората светска војна, јавија денеска од Стејт департментот.

– Годинава ја одбележуваме 75 – годишнината од крајот на Втората светска војна и им оддаваме почит на жртвите и сите војници кои се бореа да ја победат нацистичка Германија и да стават крај на Холокаустот, се вели во изјавата.

Како што пренесува дописникот на МИА од Вашингтон, во изјавата се додава: „Сепак, крајот на војната во мај 1945 година не донесе слобода во цела Европа. Централниот и источните делови на континентот останаа под власт на комунистички режими речиси 50 години. Балтичките земји беа незаконски окупирани и анектирани, а другите земји Советскиот Сојуз ги држеше во железна тупаница со помош на несоодветна воена сила, репресии и идеолошка контрола”.

Понатаму стои дека „Европјаните од централниот и источниот дел на континентот со децении ги жртвуваа своите животи за слобода, додека милиони беа лишени од нивните права и основни слободи, подложни на тортура и насилно раселување. Општествата зад Железната завеса очајно трагаа по демократија и независност”.

– Собитијата од 1956 година, создавањето на Повелбата-77, движењето Солидарност, Балтичкиот пат, Есента на народите од 1989 година и падот на Берлинскиот ѕид беа важни меќници кои одлучно придонесоа во заживување на слободата и демократијата во Европа, се вели во заедничката изјава.

Денес, ние заедно работиме за силна и слободна Европа, каде преовладуваат човечки права, демократија и владеење на законот. Иднината треба да биде базирана на фактите од историјата и жртвите на тоталитарните режими… Манипулација со историските настани кои водеа кон Втората светска војна и поделбите во Европа веднаш по војната, за жал се напори кон фалсификување на историјата.

САД и деветте земји од Источна Европа ја повикуваат меѓународната заедница дека за мир, безбедност и стабилност во светот потребно е да се почитуваат меѓународните права и норми, вклучувајќи ги и суверенитетот и територијалниот интегритет на сите држави.

Во изјавата, меѓународната заедница е повикана да учи од лекциите на Втората светска војна и одлучно да ги отфрли идеите за сфери на влијание и да се инсистира на еднаквост на сите суверени нации. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот