САД и Индија го прошируваат своето безбедносно партнерство

Дипломати од Индија и САД денеска се обврзаа дека ќе го прошират мултилатералното безбедносно партнерство и ќе ги продлабочат односите меѓу двете земји во услови на загриженост поради зголеменото влијание на Кина во регионот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и индискиот министер за надворешни работи Субраманијам Џаишанкар се состанаа во Њу Делхи, во обид да го зајакнат регионалниот фронт во борбата против зголеменото влијание на Пекинг во индо-пацифичкиот регион и да ја интензивираат соработката во Авганистан.

Тие ја пофалија меѓусебната помош во борбата против коронавирусот и изјавија дека нивното партнерство во областа на вакцините е обид да се стави крај на пандемијата.

– Постојат малку односи во светот кои се поважни од односите меѓу САД и Индија. Ние сме двете водечки демократии во светот и нашата разновидност ја поттикнува нашата национална сила, рече Блинкен на заедничката прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот