САД и Европа со првите реакции за изборите во Албанија

Маја Коцијанчиќ, портпаролката на ЕУ, во изјава за изборите кои се одржаа на 30 јуни во Албанија, рече дека тие биле генерално мирни и редовни.

Таа повикува штотуку избраните локални институции да работат според нивните уставни надлежности, апел кој, како што пренесува Балканвеб, личи на признавање на 30 јуни, и покрај фактот што во 31 општина имаше само еден кандидат.

– Локалните избори што се одржаа во Албанија во неделата на 30 јуни се одржаа во контекст на политичка поделба, но на генерално мирен и уреден начин. Ги земавме предвид сите претходни забелешки направени од страна на шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР.  Новоизбраните локални органи сега треба да бидат способни да работат според нивните уставни овластувања, во корист на граѓаните на земјата – рече меѓу другото Коцијанчиќ.

И Амбасадатата на САД во Тирана реагираше за првпат по локалните избори на 30-ти јуни.

„САД ги поздравуваат заклучоците на набљудувачката мисија на ОДИХР, според кои локалните избори на 30 јуни генерално беа спроведени на мирен и уреден начин и дадоа општа позитивна оценка за бројување на гласовите. Сепак, ние признаваме, така како што истакна и ОДИХР, дека политичкиот грч и поларизацијата придонесоа за избори во кои гласачите немаа целосен избор. И покрај препреките, албанскиот народ – било тие кои учествуваа на изборите или тие кои беа воздржани – мирно го искористија нивното демократско право и ние им честитаме за тоа“, стои  во соопштението на амбасадата на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот