САД и ЕУ: Вистинско време за значајни чекори во интерес на интеграцијата на Косово и Србија во ЕУ

Фото: МИА

Високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го информираше американскиот државен секретар Ентони Блинкен за последните случувања во врска со процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и ги изрази своите очекувања од средбата во Охрид.

„Нивната дискусија беше фокусирана на претстојниот дијалог на високо ниво меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ во сабота во Охрид, ситуацијата во Етиопија и подготовките за енергетскиот совет ЕУ-САД следниот месец“, се вели во соопштението на ЕУ службата за надворешна политика.

Во телефонскиот разговор Борел ја подвлече важноста од напредок во дијалогот за европските аспирации на двете страни.

„Двајцата се согласија дека ова е вистинско време да се направат значителни чекори напред во интерес на интеграцијата на Косово и Србија во ЕУ“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот