САД и ЕУ потпишаа договор за безбеден пренос на податоци

Бајден и Фон дер Лајен/ Фото: Brendan Smialowski / AFP / Profimedia

ЕУ и Вашингтон постигнаа денеска, по повеќегодишен спор, прелиминарен договор со кој се отвораат вратите за чување на личните податоци на Европејците во САД.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го објавија договорот за време на престојот на Бајден во Брисел за време на европска турнеја поради руската инвазија врз Украина.

Деловните групи соопштија дека договорот ќе им олесни на компаниите, вклучително и Гугл и Фејсбук, да испраќаат податоци меѓу САД и Европа, која има построги регулативи за приватност на податоците.

– Денеска ја заштитивме приватноста на податоците и безбедноста на нашите граѓани. Ја подобривме рамката за заштита на приватноста, промовирање на растот и иновациите во ЕУ и САД и помагање на компаниите да се натпреваруваат во дигиталната економија, истакна Бајден.

Фон дер Лајен нагласи дека договорот ќе овозможи предвидливи и веродостојни текови на податоци меѓу ЕУ и САД, притоа зачувувајќи ја приватноста и граѓанските слободи.

Компанијата Фејсбук соопшти дека новиот договор им помага на луѓето да останат поврзани, овозможува продолжување на услугите и безбедноста на американските и европските компании кои се потпираат на брз и безбеден пренос на податоци.

Гугл соопшти дека работата на ЕУ и САД за заштита на трансатлантскиот пренос на податоци е за поздравување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот