САД гради нова база во североисточна Сирија

Хасаки во најголем дел е контролиран од сириските Курди, но сириската влада и руските сили исто така имаат значително воено присуство во градот.

Армијата на Соединетите Американски Држави започна со изградба на нова база во североисточна Сирија, јавуваат локалните медиуми.

Американската воена база се наоѓа во градот Хасаки, еден од најголемите градови во североисточна Сирија.

Хасаки во најголем дел е контролиран од сириските Курди, но сириската влада и руските сили исто така имаат значително воено присуство во градот.

– И додека Американците беа присутни во Хасаки, изградбата на оваа база веројатно беше дел од нивната стратегија за прегрупирање во североисточна Сирија, изјави курдски командант.

Силите на САД контролираа поголем дел од територијата во источна Сирија до октомври, кога турските сили и нивните сојузнички милиции започнаа кампања против Сириските демократски сили (СДФ).

Според официјални претставници на САД, во областа и натаму се наоѓаат околу 500 американски војници кои ги штитат нафтените полиња и спречуваат повторно појавување на Исламска држава.

Видео на денот