САД го предупредија Иран: Не го напаѓајте Израел, нема да можеме да го спречиме Тел Авив жестоко да се одмазди

Луѓето палат израелско знаме додека се собираат на антиизраелски митинг по ракетниот напад извршен од Иран против Израел претходната ноќ, на плоштадот Имам Хусеин во Техеран, Иран, 02 октомври 2024 година/EPA-EFE

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Иран да не презема нов напад врз Израел, бидејќи во тој случај нема да можат да го задржат и спречат Тел Авив жестоко да возврати, објави порталот Аксиос, повикувајќи се на свои извори.

Нема да можеме да го задржиме Израел и нема да бидеме сигурни дека следниот израелски одговор ќе биде избалансиран како претходниот, ги пренесува порталот зборовите на американски функционер, кој изјавил дека оваа порака од Вашингтон на Техеран му била пренесена преку посредници од Швајцарија.

Иранскиот напад врз Израел – фото: Ројтерс

Полседниот израелски  напад врз Иран на 25 октомври уследи по неколкунеделните консултации со САД за целите на воздушните напади.

Веб-страницата Аксиос, повикувајќи се на израелски разузнавачки извори,  објави дека Иран се подготвува да изврши жесток напад врз Израел од ирачка територија пред претседателските избори во САД на 5 ноември.

Според овие извори , Техеран може да спроведе операција која вклучува голем број беспилотни летала и балистички ракети, пренесува Тасс.

На 1 октомври, Иран изврши масовен ракетен напад врз Израел како одговор на атентатите на клучните фигури во раководството на радикалното палестинско движење Хамас, либанската шиитска организација Хезболах и Иранската револуционерна гарда, а Израел возврати на 25 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот