САД го поздравуваат договорот за формирање нова либанска влада

Наџиб Микати, премиер на Либан / Фото: EPA-EFE/DALATI AND NOHRA HANDOUT

Соединетите Американски Држави го поздравуваат договорот на либанските лидери за формирање нова влада со мандатарот Наџиб Микати, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

„Бараме брзо одобрување од парламентот за да може оваа нова влада да започне конкретни реформи за решавање на влошената економска ситуација во Либан”, вели портпаролот Прајс во писмената изјава.

„Подготвени сме да ја поддржиме новата влада со претстојната напорна работа”, додава тој. 

Кабинетот на либанскиот претседател Мишел Аун вчера соопшти дека е формирана нова влада во Либан, со што се стави крај на 13-месечната блокада што доведе до уште подлабока финансиска криза и сиромаштија во земјата.

Во соопштението се наведува дека е потпишан указот за новата влада, предводена од милијардерот бизнисмен Наџиб Микати.

Либан е без редовна влада од големата експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година, што доведе до оставка на кабинетот на тогашниот премиер Хасан Диаб.

Оттогаш имаше несогласувања помеѓу различните политички групи околу составот на идната влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот