САД го поддржуваат правото на протест на кинескиот народ, порача Белата куќа

Фото: EPA/EFE / MARK R. CRISTINO

САД ја изразија својата поддршка за луѓето во Кина кои протестираат против „затворањата” (локдауните) што нивната влада ги воведува, строго следејќи политиката на „нулта толеранција“ за изблиците на ковид-19 низ земјата.

– На луѓето треба да им се дозволи… правото да се собираат и мирно да протестираат против политиките или законите или диктатите… со кои не се согласуваат, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

– Белата куќа го поддржува правото на мирен протест, рече портпаролот.

Тој додаде дека САД не добиле никакви барања од Кина за вакцини, откако експертите сугерираа дека кинескиот претседател Си Џинпинг можеби ќе треба да увезе западни вакцини доколку одлучи да ја релаксира политиката на неговата земја за коронавирусот.

Претходно Германија и порача на Кина да почне да користи mRNA вакцини од Запад за да излезе од пандемијата, пишува Политико. Во последните денови во Кина се одржуваат големи граѓански немири и протести против политиката на земјата во врска со сузбивањето на коронавирусот.

Во Шангај демонстрантите го повикаа кинескиот претседател Си Џинпинг да поднесе оставка. Според локалните медиуми, протестите се смирени со оглед на силното полициско присуство на улиците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот