САД го осудија државниот удар во Мајнмар против Владата на Анг Сан Су Чи

 Американскиот претседател Џо Бајден е запозанат со апсењето на премиерката на Мјанмар, Анг Сан Су Чи, по извршениот државен удар од страна на војската, соопшти Белата куќа.

– САД се против каков било обид да се измени исходот од неодамнешните избори или да се попречува демократската транзиција на Мјанмар. САД ќе ги преземе сите мерки против одговорните за овие случувања доколку не се смени ситуацијата, порача портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Исто така, Австралија изрази „длабока загриженост поради информациите дека војската повторно се обидува да ја преземе контролата врз Мјанмар” и побара веднаш да се ослободат незаконско притворените цивилни политички лидери.

Јапонија, пак, соопшти дека внимателно ја набљудува ситуацијата, но моментно не планира да ги повлече своите државјани кои се наоѓаат во Мјанмар.

Вооружените сили на Мјанмар објавија планови за одржување избори по завршувањето на вонредната состојба и формирање нова влада, објави агенцијата Синхуа.

Како што наведува агенцијата, вонредната состојба, по која ќе се одржат изборите, ќе трае една година, а потоа овластувањата ќе бидат пренесени на новата влада.

Во меѓувреме, Здружението на банки во Мјанмар објави времено затворање на сите банки во земјата поради лошите интернет-врски во услови на политичка ситуација.

Банките ќе побараат дозвола од Централната банка за времен прекин на активностите и ќе известат кога нивната работа ќе продолжи.

Војската во Мјанмар изврши денеска државен удар против Владата на Анг Сан Су Чи, која е уапсена, на денот кога пратениците трабаа да се вратат во Парламентот, првпат по изборите кои се одржаа во ноември минатата година, а кои војската ги смета за нерегуларни.

Војската прогласи вонредна состојба и соопшти дека апсењето на мјанмарската лидерка и други високи официјални претставници претставува одговор на изборната измама.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот