САД го осуди протерувањето на службениците на ОН од Етиопија

Џен Псаки
Џен Псаки / Фото: EPA-EFE/Andrew Harrerr / POOL

Белата куќа денеска ја осуди одлуката на Етиопија да протера високи претставници на ОН за време на тековната хуманитарна криза во земјата и предупреди на санкции.

Портпаролката Џен Псаки го нарече потегот на Етиопија „невидена акција за соборување на раководството на сите организации на ОН вклучени во тековните хуманитарни операции”, пренесува Ројтерс.

САД „нема да се двоумат да воведат санкции против оние што ја попречуваат хуманитарната помош”, предупреди таа.

Претходно, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази шокираност од информацијата дека Етиопија прогласи за непожелни седум претставници на Обединетите Нации.

Министерството за надворешни работи на Етиопија денеска соопшти дека седум претставници на Обединетите нации мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа поради мешање во внатрешните работи на земјата.

„Во комуникација сме со етиопската Влада и очекуваме дека на службениците на ОН ќе им биде дозволено да продолжат да ја извршуваат својата важна работа“, рече портпаролката на ОН, Стефани Трамбл.

Меѓу службениците петмина се од хуманитарна агенција на ОН, еден од Канцеларијата на ОН за човекови права и претставник на УНИЦЕФ во земјата. Во соопштението не се наведуваат детали за нивното наводно мешање.

Соопштението за протерување на службениците на ОН доаѓа во услови на зголемен притисок врз владата на Етиопија поради смртоносната блокада на регионот Тиграј.

Милиони луѓе во Тиграј се потпираат на хуманитарна помош за да преживеат, но хуманитарните работници ги обвинуваат владините сили дека намерно ги прекинале испораките на помош.

Етиопија протерува седум службеници на ОН

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот