САД го обвинија Абрамович за кршење на санкциите со извоз на авиони во Русија

Роман Абрамович/ Фото Sergei Karpukhin / TASS / Profimedia

Американските власти го обвинија рускиот бизнисмен Роман Абрамович за извоз на два авиони од американско потекло во Русија без лиценца, што беше потребно поради американските санкции наметнати на Москва како одговор на нејзината инвазија на Украина, пренесува Ројтерс.

Во писмото, американското Министерство за трговија рече дека Абрамович во февруари ги именувал своите деца за корисници кои ги поседувале авионите Боинг 787 Дримлајнер и Гулфстрим Г650 ЕР, но дека тој продолжил да ги контролира.

Федералните обвинители во Менхетен сега бараат да се запленат двата авиони, пишува во судските документи.

Обвиненијата доаѓаат откако американските власти се обидоа да извршат притисок врз деловните лидери блиски до рускиот претседател Владимир Путин да ја убедат Москва да ги прекине своите акции во Украина, која Кремљ ја нарекува специјална воена операција. Абрамович лично не е санкциониран од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот