САД го честитаа празникот Илинден

САД ја честитаа 117 годишнината од празникот Илинден на Северна Македонија со Твитер порака испратена од Амбасадата во Скопје

-Му се приклучив на претседателот Пендаровски да се одбележи основањето на модерната македонска држава, напиша синоќа амбасадорката Кејт Мари Брнз

Од Белата куќа не дојде официјална честитка по повод најважниот македонски празник, од каде на новинарско прашање упатија на Стејт департментот, во чие име пренесе амбасадорката Брнз.  

Од високите американски официјани лица, само Џо Бајден, поранешен потпретседател, синоќа испрати до нашата земја срдечна честитка по повод празникот. 

На локално ниво, републиканскиот градоначалник на Кајахога Фолс во Охајо, Дон Валтерс, го честиташе Илинден на македонската заедница од овој град.

-Додека нашите македонско-американски пријатели го прославуваат овој важен празник, и во име на сите граѓани, испраќаме добра волја и пријателство до заедницата, додека ја признаваме вредноста која што македонските Американци ја донесоа во овој град и држава, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот