-5 C
Скопје

САД го блокираа увозот на памук од кинескиот регион Синџанг како производ на присилна работа

Соединетите Американски Држави најавија нови мерки против увозот на памук од северозападниот кинески регион Синџанг, за кој се верува дека потекнува од присилна работа на ујгурското муслиманско малцинство во таа област.

Ујгурите се најголемата етничка група во Синџанг, голема територија што се граничи со Авганистан и Пакистан.

Царината на САД сега може да заплени испораки на памук произведен од компанијата Синџанг продакшн и контракшн (XPCC), се наведува во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност.

Таа голема, паравоена компанија од август е под санкции на американското Министерство за финансии.

„Ова е шеста акција што ја презедоа американските царини во последните три месеци за блокирање на стоката создадена од „принудна работа” во Синџанг”, се наведува во соопштението.

Пекинг наиде на силни меѓународни критики за својата политика во територија богата со ресурси, каде што организациите за заштита на човековите права велат дека околу еден милион Ујгури и други претежно муслимански малцинства се во логори.

Кина наведува дека станува збор за центри за стручна обука наменети за луѓето да најдат работа и да ги дистанцираат од верскиот екстремизам.

Пекинг денеска ги осуди „лажните информации” и го демантираше постоењето присилна работа во Синџанг.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Шунјинг изјави дека жителите од тој регион ја избираат својата работа според нивните желби.

Таа ги осуди мерките на Вашингтон, кои, според нејзино мислење, имаат за цел да ги погодат кинеските компании и да го запрат развојот на Кина. 

Извор.МИА

Прочитајте и...  Железничкиот транспорт лани со загуби од 512 милиони денари и двојно помалку патници

Поврзани вести

Петти ден по ред во Бразил над 1.000 умрени дневно од ковид-19

МИА Агенција

Бројот на жртви од земјотресот во Индонезија се зголеми на 56

МИА Агенција

Во Јакутија повторно измерени -47 степени Целзиусови

МИА Агенција

Си-Ен-Ен: Бајден на првиот работен ден ќе смени серија лоши или неостварливи одлуки на администрацијата на Трамп

МИА Агенција

Шпанската крајбрежна стража кај Канарските острови спасила 34 мигранти, едно дете настрадало

МИА Агенција

Минусни температури во цела држава, на Попова Шапка -16 степени

МИА Агенција

Остави Коментар