САД ги зајакнува воздушните патроли над Ормутскиот Теснец

Централната команда на американската војска соопшти дека силите на САД ги зајакнале воздушните патроли над Ормутскиот Теснец, како одговор на иранската заплена на британскиот танкер со нафта.

Портпаролот потполковник Ерл Браун изјави дека помал број дополнителни патролни летала се движат низ меѓународниот воздушен простор и ја надгледуваат ситуацијата.

Браун додава дека морското крило на Централната команда е во контакт со американските бродови кои оперираат во тоа подрачје, за да се гарантира нивната безбедност.

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант истакна претходно дека Лондон ќе одговори на одмерен, но силен начин откако иранската Револуционерна гарда заплени британски танкер во Ормутскиот Теснец.

Хант, исто така, предупреди дека Техеран ќе биде најголем губитник доколку биде ограничена слободата на пловидба и затоа е во интерес на Иран колку е можно побрзо да ја реши ситуацијата.

Шефот на британската дипломатија потврди дека за настанатата ситуација разговарал со државниот секретар на САД Мајк Помпео, а очекува да разговара и со иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот