САД ги претставија новите санкции за Северен поток 2

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

САД ги известија европските сојузници околу плановите за санкционирање на рускиот брод „Фортуна”, кој е вмешан во изградбата на гасоводот Северен поток 2 од Русија до Германија, пишува германскиот весник „Хенделсблат”.

Американската администрација им соопшти на официјалните претставници во Берлин и другите европски престолнини дека санкциите ќе стапат во сила утре како дел од Законот за спротивставување на американските противници со санкции.

Наведено е дека санкции ќе бидат воведени за бродот кој ги поставува цевките и за неговиот сосптвеник КВТ-РУС.

Портпаролот на Северен поток 2 побарал од ЕУ и владите на земјите кои се вклучени во проектот да ги заштитат компаниите од какви било санкции.

Портпарол на американската амбасада во Берлин истакна за „Ханделсблат” дека Вашингтон ќе продолжи да презема „неопходни и соодветни чекори” за да го спречи Северен поток 2.

– Американската Влада се надева дека Германија ќе го преиспита својот став околу Северен поток 2, додаде портпаролот на амбасадата на САД во Берлин.

Северен поток 2, кој е дизајниран двојно да го зголеми капацитетот на постојниот подводен гасовод Северен поток од Русија до Германија, стана спорно прашање меѓу Москва и Вашингтон, бидејќи САД сакаат да ја намалат зависноста на Европа од руската енергија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот