САД ги поддржуваат напорите на ЕУ членките да им помогнат на Македонија и Бугарија полесно да дојдат до решение

Знаме на РСМ и Република Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат

По понудата на Австрија да посредува меѓу двете држави, портпаролот на Стејт департментот, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка, рече дека САД ги охрабруваат напорите на ЕУ, и повтори дека билатералните спорови треба да се решаваат надвор од ЕУ процесот, објавува „Гласот на Америка“.

САД ги поддржуваат сите напори на Европската Унија и на нејзините земји-членки да им помогнат на Северна Македонија и Бугарија полесно да постигнат решение, изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето дали САД ја поддржуваат понудата на Австрија да посредува меѓу двете држави во решавање на проблемот, како и дали би се вклучиле во евентуален посреднички процес.

„Историскиот Преспански договор покажа дека државите во Западен Балкан се способни да исполнуваат тешки работи, да прават компромиси и да наоѓаат решенија. Убедени сме дека Бугарија и Северна Македонија ќе го направат истото преку преговарање на нивните билатерални спорови надвор од пристапниот процес со ЕУ. САД ги охрабруваат сите напори на ЕУ и нејзините земји-членки да им помогнат на страните полесно да го постигнат овој резултат“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Тој, исто така, додаде дека САД се силни поддржувачи на кандидатурите за членство во ЕУ на сите аспиранти од Западен Балкан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот