САД ги одложува милионските проекти во Косово сѐ додека не се укинат таксите за Белград

Фото: Твитер

„Таксите треба да бидат укинати за да може да функционират инвестициите. Тоа е од суштинско значење“, напиша Ричард Гренел на социјалните мрежи.

Амбасадорот на САД во Берлин, Ричард Гренел, кој истовремено е и специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Косово и Србија, денеска имал жестока комуникација со премиерот на Косово, Албин Курти, како и претседателката на косовското собрание, Вјоса Османи. Тој на двајцата им рекол дека САД е подготвена да инвестира милиони во Косово, ако се укинат таксите.

– Но, САД, сите овие проекти ќе ги откаже сѐ додека Владата не ги укине таксите и не се откаже од плановите за воспоставување реципроцитет – вели еден извор за Националната Косовска Телевизија (РТК).

Ова е јасно и од последната објава на амбасадорот Гренел на неговиот Твитер-профил, каде вели дека нема да има американски инвестиции без укинување на таксите.

– Таксите треба да бидат укинати за да може да функционират инвестициите. Тоа е од суштинско значење – напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот