САД ги исклучија владите на Куба, Венецуела и Никарагва од „Самитот Америка“ во Лос Анџелес

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден донесе конечна одлука да ги исклучи Владите на Куба, Венецуела и Никарагва од Самитот Америка, соопштија денеска функционери запознаени со прашањето.
Британските меидуми пренесоа дека одлуката на САД уследи по неколкунеделните интензивни размислувања, и сега во опасност од бојкот го доведува собирот во Лос Анџелес што се оддржува неделава, доколку мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и некои други лидери решат да не се појават на него.
Американските власти утврдија дека загриженоста за човековите права и недостатокот на демократија во трите земји се причини за исклучување од самитот, изјави доцна синоќа извор од Вашингтон.
Исклучувањето на Венецуела и Никарагва, предводени од левичарските лидери, веќе беше означено во последните недели.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел минатиот месец изјави дека нема да оди дури и доколку биде поканет, обвинувајќи ги САД за „брутален притисок“ самитот да биде неинклузивен.
Извор: МИА