САД формира единица против домашниот тероризам

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

По минатогодишниот смртоносен напад во Капитол Хил, администрацијата на претседателот Џо Бајден одлучи да формира нова организациона единица во Министерството за правда која ќе се занимава со домашниот тероризам, објави денеска висок американски функционер.

„Се соочуваме со зголемена закана од домашни насилни екстремисти, всушност поединци во САД кои сакаат да извршат насилни злосторства за да ги постигнат своите социјални или политички цели“, рече Метју Олсен, помошник главен обвинител во Министерството за правда на Сенатот на САД, пренесува Ројтерс.

Олсен објасни дека новата организациска единица ќе биде формирана во рамките на Одделот за национална безбедност и дека нејзина задача ќе биде „да се погрижи таквите случаи да се постапуваат правилно и ефикасно да се координираат“ и во самото министерство и во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот