САД, ЕУ и Канада ги санкционираа луѓето кои ги организираа изборите на Крим

Фото: Пиксабеј

„Чекорот на министерството за финансии во координација со нашите меѓународни сојузници и партнери ја нагласува нашата непоколеблива поддршка за враќање на слободните и праведни демократски процеси во Крим“, напиша американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

САД санкционираа уште седум лица вкучени во организацијата на изборите на Крим, според соопштението кое во средата го објави американското министерство за финансии.

ЕУ во вторникот воведе санкции против тие лица, а на истите им се придружи и Канада, додаде министерството за финансии.

– Чекорот на министерството за финансии во координација со нашите меѓународни сојузници и партнери ја нагласува нашата непоколеблива поддршка за враќање на слободните и праведни демократски процеси во Крим – напиша американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Додаде дека „овие кооридинирани санкции на САД, ЕУ и Канада ја нагласуваат силата на трансатлантскиот сојуз во спротиставување на руската агресија која продолжува“.

Новите санкции се однесуваат на луѓето кои на 8 септември 2019 година ги организираа изборите во автономната република Крим и Севастопол, украински територии над кои во 2014 година Москва презема контрола.

На мета на санкциите особено е премиерот на териториите Јуриј Готсанјук, гувернерот на Севастопол и неколку службеници на изборната комисија на тој град.

Вашингтон исто така ја санкционираше и железничката компанија која делува на Крим и нејзиниот генерален директор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот