САД: ЕУ да воведе царини за испораките на нафта од Русија

Руска нафта / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Претставници на американското Министерство за финансии изјавија дека на состанокот на министрите за финансии на Г7 што почнува утре во Бон ќе предложат земјите од ЕУ да воведат царини за испораките на нафта од Русија како побрза остварлива алтернатива на идејата за целосно ембарго на руската нафта.

Според американските власти, царинскиот механизам ќе го задржи присуството на руската нафта на пазарот, но ќе ги ограничи приходите на Русија од извозот. Тие сметаат дека ваквата мерка би имала побрз ефект од планираната забрана за увоз на нафта од Русија во ЕУ во 2023 година.

Членките на ЕУ сè уште не постигнаа договор за шестиот пакет санкции против Русија, вклучително и нацрт ембаргото за нафта: Европската комисија (ЕК) предложи забрана за увоз на сурова нафта од Русија шест месеци по стапувањето во сила на шестиот пакет. Во исто време, Европската комисија предложи да им се дозволи на Унгарија и Словачка да купуваат руска нафта до крајот на 2024 година.

Како што пренесува „Бгнес“, според добро упатени извори, Европската комисија веќе морала да ублажи голем број од своите предлози за времето, параметрите и можните исклучоци од ембаргото за нафта. Унгарија се противи на ембаргото за нафта, и е поддржана од голем број други земји, кои велат дека штетата од мерката би била катастрофална за Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот