САД: Едно лице загина, повеќе повредени во невреме

Најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени, а 500.000 луѓе останаа без електрична енергија во невремето што зафати поголем дел од САД, од Јужна Каролина до Мејн и Охајо.

Еден маж загинал откако дрво паднало врз неговото возило во Тенеси.

Во предградие на Њујорк повредена е 19-годишна девојка кога врз неа паднало стебло, а уште едно лице е повредено при удар на торнадо во Пенсилванија.

Ударите на торнадото достигнувале меѓу 180 и 220 километри на час, потврди националната метеоролошка служба. Локалните власти соопштиле дека најмалку дваесетина куќи биле оштетени во невремето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот