САД е против создавање паралелна власт во Авганистан

фото EPA-EFE/TOM BRENNER

Соединетите Американски Држави се против секој обид за создавање паралелна влада во Авганистан, изјави синоќа американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој ова го изјави неколку часа откако авганистанскиот претседател Ашраф Гани и неговиот главен противник Абдула Абдула, кој одбива да го признае, во исто време одржаа церемонии за инаугурација.

– Остро се противиме на секој обид за создавање паралелна влада и употреба на сила во решавањето на политичките несогласувања, рече Помпео.

За време на инаугурацијата на Гани, се случи ракетен напад, за кој одговорноста ја презеде Исламска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот