САД: Дополнителна помош за Албанија во справувањето со коронавирусот

Вкупната американска помош за Албанија за справување со коронавирусот досега е 2 милиони долари.

Американската Амбасада во Тирана преку Твитер објави дека САД и доделиле на Албанија дополнителни 346.000 американски долари за да помогнат во справувањето со пандемијата со Ковид – 19.

Станува збор за средства кои САД ги доделуваат во рамки на „Flag of United States” кои се во вкупен износ од 11 милиони американски долари, а се наманети за борба против опасниот вирус ширум светот.

„Владата на САД, преку УСАИД Албанија обезбеди дополнителни средства во износ од 346.000 американски долари за да и помогне во борбата против пандемијата. Овие средства претходно беа објавени како дел од заложбата на Владата на Соединетите држави во борбата против Ковид-19 ширум светот, во вкупен износ од 11 милиони американски долари се наведува во објавата на Твитер на американската амбасада во Тирана.

Во средината на минатиот месец за истата цел, САД на Албанија и додели дополнителни финансиски средства во износ 900.000 долари.

Со тоа вкупната американска помош за Албанија, за справувањето со пандемијата, како што тогаш информираше амбасадата, достигнала два милиони долари, наменети за лаборатории, техничка помош, за истражување случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот