САД даде пари за обнова на манастирот во Вељуса

Во манастирот „Св. Богородица Милостива (Елеуса)“ во Вељуса денеска беше потпишан грантот од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави за конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културата од средно византиската епоха зачуван на македонската територија.

Грантот го потпишаа амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, и министерот за култура, Хусни Исмаили.

Средствата од овој грант ќе се искористат за комплетна заштита на црквата „Елеуса“, за покривот и фасадата, како и за конзервација на фреските и на иконите и за чистење на мозаиците.

– Министерството за култура во повеќе наврати во изминативе години финансиски интервенираше за заштита на овој значаен белег на културното наследство на Северна Македонија, но со потпишувањето на грантот од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави ќе се придонесе за ревитализација и за подолгорочна санација и заштита на вредниот објект, како и на живописот кој има единствени  иконографски  решенија  кои биле  инспирација за  натамошниот развој на византиското монументално сликарство – истакна министерот Исмаили.

Манастирот„Елеуса“ датира од XI век, а нејзините градители имаат влијание од современите архитектонски решенија од византиската престолнина и се одраз на непосредните влијанија од цариградската градителска традиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот