8 C
Скопје

САД: Бројот на заразени со коронавирус надмина 25 милиони луѓе

Во Соединетите Американски држави бројот на лица заразени со новиот коронавирус официјално надмина 25 милиони од почетокот на пандемијата, неколку дена откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата, ставајќи ја борбата против ковид-19 на врвот на неговата листа на приоритети.

Универзитетот „Џон Хопкинс” во неделата наутро регистрира 25.003.695 заразени, а починале повеќе од 417.000 луѓе.

Администрацијата на Бајден во четвртокот објави обемни упатства за справување со пандемијата, кои се потпираат на вакцинирање и следење на контактите на заразените.

Исто така, планира да побара од Конгресот пакет за итна помош од 1,9 трилиони долари, кој вклучува 20 милијарди долари за вакцини и 50 милијарди долари за тестови.

Земјата, исто така, се надева дека ќе одобри нови вакцини во следните недели, вклучително и на „Џонсон и Џонсон”, кои се даваат во една доза.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Скерлев: Никој не ги проблематизира и политизира резултатите – пописот во Велика Британија започнува на 21 март и завршува истиот ден

Поврзани вести

Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?

Дино Чупевски

Мас: Ние остануваме на ветувањето дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Слободен печат

Николовски: Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција

Слободен печат

Николовски: Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте

Слободен печат

Одобрен Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

Слободен печат

Саркози поднесе жалба за пресудата за случајот прислушување: Подготвен и за борба пред Стразбур

Слободен печат

Остави Коментар