САД: Бриселскиот договор се однесува на Косово, а не на прашањето за албанското малцинство во Србија

Знамињата на Косово, САД и Албанија
Знамињата на Косово, САД и Америка / Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, во Бујановац изјави дека бриселскиот договор се однесува на Косово, а не на прашањата за малцинствата во Србија.

„Морам да бидам многу јасен кога велам дека дијалогот во Брисел е за решавање на проблемите меѓу Приштина и Белград. Целта на дијалогот не е да се решаваат било какви други прашања, прашањата на малцинствата овде или во другите делови на земјата“, рече Хил.

Американскиот амбасадор истакна дека прашањето за албанското малцинство во Србија е исклучиво прашање на државата Србија и повтори дека „тоа нема никаква врска со бриселскиот дијалог“.

Според него, официјалната политика на САД е да го поддржат Бриселскиот дијалог и постигнатиот договор, „чиј важен дел е формирањето на Заедницата на српските општини“.

„Договорот што е постигнат ни на кој начин нема интенција да ги премине границите“, нагласи амбасадорот.

На новинарско прашање за писмото на американските конгресмени кои по средбата со албанските политичари од Бујановац и Прешево побараа од американскиот државен секретар Ентони Блинкен да формира и заедница на албански општини, амбасадорот рече дека го почитува она што го кажуваат конгресмените, но дека таквата заедница не е дел од Бриселскиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот