САД бомбардирале погрешни мети на Блискиот Исток и убиле илјадници цивили

Авганистан војници/ Фото: ЕПА

Нападите на армијата на САД со дронови во Ирак, Авганистан и Сирија, биле засновани на „погрешни разузнувачки податоци“ и тоа довело до илјадници цивилни жртви, вклучувајќи жени и деца, вчера објави весникот „Њујорк тајмс“.

Нападите на американските беспилотни летала врз Ирак, Авганистан и Сирија се обележани со „длабоко погрешни разузнавачки информации“ и резултираа со илјадници цивилни жртви, објави во саботата „Њујорк тајмс“.

„Ниту еден извештај не покажува дека по нападите имало истрага за одговорност или некаква дисциплинска постапка“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Угледниот американски весник својата анализа ја базира на доверливите документи на Пентагон за повеќе од 1.300 напади во кои имало цивилни жртви. Станува збор за напади со беспилотни летала-дронови во Авганистан, Ирак и Сирија од 2014 па се до оваа година.

Иако неколку случаи за кои пишува „Њујорк Тајмс“ се познати во јавноста, весникот наведува дека бројот на цивилни жртви од нападите на американската армија се „драстично намалени“.

Весникот пишува за напад на три наводни исламистички групи во Северна Сирија во кој првичните извештаи беа дека биле убиени 85 џихадисти, но во реалноста, загинале 120 селани. Вториот пример е нападот во Рамада во ноември 2015 година откако разузнавачите „јавиле за маж кој носи тежок предмет“ кон локација каде се наоѓаат борци на Исламската држава. Потоа било утврдено дека „тешкиот објект“ бил дете кое било убиено во воздушниот напад на армијата на САД.

Весникот пишува дека за ниту еден напад кој резултирал со убиство на цивили, не е спроведена никаква „дисциплинска акција“.

„Погрешните или непотврдените разузнавачки информации често беа причина за смртоносни грешки“, пишува „“Њуорк Тајмс“.

Неодамна, војската на САД мораше да го го повлече тврдењето дека во август годинава со дрон уништила возило за кое се сомневала дека во истото има две бомби. Истрагата покажала дека во возилото било десетчлено семејство.

Портпаролот на централната команда на армијата, Бил Урбан, по утврдувањето на грешката и убиството на невини цивили, изјави дека грешки се случуваат и кога сè има најдобрата технологија на светот.

– Без разлика дали станува збор за нецелосна информација или погрешно интерпретирање на достапните информации, ние учиме од грешките. Работиме да го избегнеме тоа во иднина и длабоко жалиме за секоја цивилна жртна – изјави Урбан пред неколку месеци.

Нападите на армијата на САД со беспилотни летала во Ирак, Авганистан и Сирија зачестија во последните години од мандатот на поранешниот претседател Барак Обама бидејќи драстично опадна поддршката за копнена акција.

Обама и Пентагон тогаш тврдеа дека употребата на беспилотни летала ќе претставува најпрецизна воена акција и дека бројот на жртвите ќе се намали.

Во последните пет години, Армијата на САД изведе повеќе од 50.000 напади со дронови во Ирак, Авганистан и Сирија, но успешноста на нивните акции е далеку од тоа што го пријавуваа и се загинати илјадници цивили.

Новинарите на „Њујорк тајмс“ при истражувањето посетија стотина места кои биле цел на напади со дронови и разговарале со преживеани лица, по што донесоа заклучок дека армиојата на САД, не ја прикажува реалната бројка на загинати при нападите.

При составувањето на извештајот, новинарите на Тајмс посетија повеќе од сто места на напади со цивилни жртви и разговараа со десетици преживеани. Тие ги добија документите од Пентагон според законот за право на информации од 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот