САД бараат Кина да одобри слободен пристап на истражувачите на СЗО

СЗО/ фото: МИА

САД бараат Кина да дозволи истражувачки тим на Светската здравствена организација (СЗО) да има контакти во Вухан со „медицински работници, поранешни пациенти и лабораториски персонал”, како и пристап до медицински податоци и примероци.

Официјалниот претставник на Министерството за здравство на САД, Герет Григсби пред Извршниот одбор на СЗО рече дека Кина треба да обезбеди научна студија со податоци за примероци од животни, луѓе и животна средина собрани во Вухан, каде што се верува дека избувна епидемијата на коронавирус.

На Извршниот одбор на СЗО се обрати и претставник на Кина, кој рече дека политичкиот притисок мора да престане, бидејќи истражувањето за природата на вирусот е научна задача што бара координација и соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот